Еве каде Вељко и Богдана ќе одат на меден месец

0
57

Минатиот викенд ја одбележа свадбата на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, за која се уште се зборува, а сега се појавиле информации за медениот месец на кој ќе одат, како и плановите на младенците за зеднички живот.

На почеток ќе живеат во вилата на Цеца, но Богдана и Вељко сакаат да купат поголем стан на некоја добра локација во Белград бидејќи планираат големо семејство, па желба им е да имаат свој кров над глава – пишува Информер.

Истиот извор навел дека младенците планираат меден месец, и дека се уште незнаат кога ќе заминат на истиот поради бременоста на Богдана. Се наведува дека невестата сакала да го посети Дубаи, кој сега им е прв на листата за патувања од соништата.