Еве колку телефони се прислушкуваат во моментов во Македонија по барање на УБК и БЈБ

0
53

Уредите на агенцијата ОТА во моментов снимаат разговори од над 180 телефонски броеви.

Нивното следење е со наредба од Врховниот суд и основните судови а најголем дел по барање на Управата за безбедност и контра-разузнавање како и Бирото за јавна безбедност.

Тимот на ОТА брои 22-ца вработени.

Директорот на агенцијата вели дека во следниот период е можно вработување на уште неколкумина но и дека со постојната бројка се покриени сите работни позиции.

Извор: lider.mk