Електричниот Elation Freedom развива 1.900 КС

0
69

Калифорниската компанија Elation Hypercars го најави својот електричен хиперавтомобил.

Дизајнот на автомобилот изгледа импресивно, а помалку наликува и на Lotus Evija. Во понуда ќе биде батерија од 100 и 120 kWh и ќе овозможи домет помеѓу 482 и 644 км.

Основиот модел ќе има три електрични мотори со комбинирана сила од 1.414 коњски сили, а во план е и верзија со 4 мотори кои ќе испорачуваат 1.903 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 1,8 секунди, а максималната брзина ќе биде 418 км/ч.

Основната цена на Freedom ќе изнесува 1,7 милиони евра, а Freedom Iconica 1,9 милиони евра.