Жената во овој хороскопски знак секогаш ја зема судбината во свои раце!

0
121

Се работи за алфа жена, амбициозна, дисциплинирана, организирана, трпелива, одговорна, практична, незапирлива, фокусирана на целта и среќна кога ќе ја постигне…

Како типична претставничка на земјените знаци, таа стои цврсто на земја и не е склона кон сонување, туку живее во реалноста и впива што е можно повеќе од неа. Заради својата непоколеблива амбициозност и порив постојано да оди напред, често ги остава останатите зад себе, а не е лесно да застрани од патот кој го зацртала.

Таа е единствена, таа е оригинална, таа е жена Јарец!

Таа е неверојатна, жената Јарец може да ги преброди сите животни проблеми, а за каков проблем и да се работи, таа ќе успее да остане прибрана и мирна и веднаш ќе почне да бара решение.

Можно е на прв поглед да делува ладна и резервирана, но под таа надворешност се крие жена за одлична смисла за хумор, жена која копнее за за сигурност. Таа може да ги жртвува своите амбиции само заради едно – семејството. Кога не и е денот, може да биде премногу тврдоглава, нерасположена, срамежлива и песимистична.

Љубов

Нејзе не и е во природа да се заљуби на прв поглед, ниту да губи време на бесмислен флерт за кој знае дека не води никаде. Љубовта е за неа сериозна работа и ако некој и се допаѓа, нема да остави судбината да ги среди работите, таа едноставно свесна за своите способности ќе ги преземе работите во сопствените раце и ќе се погрижи да го добие мажот кој го посакува.

Сака да му удоволува на партнерот и се грижи за него, па затоа однадвор може да изгледа како да му е потчинета, но во суштина таа никогаш нема да ја изгуби вродената независност, односно никогаш нема да зависи од партнерот. Со својот животен сопатник сака да биде рамноправна, а таа секогаш ќе стои покрај него и ќе му биде поддршка и во најтешките моменти. Таа бара некој кој ќе го посакува успехот исто како и таа, па за нејзе совршената врска е спој на љубовта, сигурноста и успешноста.

Таа е страствена љубовница. Идеални партнери за неа се Биковите и Девиците затоа што тие знаат како да допрат до нејзиното срце и да ја откријат нејзината топла и нежна душа. Раковите исто така можат да во потполност да ги задоволат нејзините емотивни потреби. А добро може да се сложува и со Скорпија.

Пријателство

Со оглед на фактот дека таа е природен лидер, жената Јарец е често главна и помеѓу своите пријатели. Таа сака да има своја приврзана група во која тешко може да влезат нови членови, но кога ќе сфатите како функционира групата, ќе ве прифатат како рамноправни на себе.

Кон пријателите се однесува како да им е мајка, па секогаш можете да ја прашате за совет или помош, а исто како што мајките го прават тоа за своите деца, таа е наклонета да прави планови за своите пријатели, планови кои тие воопшто не ни знаат дека постојат.

Кога се ќе испланира, само кратко ќе ги извести дека вечерта ќе одат на вечера или дека ќе слават Нова година во некоја викендица. Исто како и кон семејството, таа е многу лојална и посветена на своите пријатели и секогаш им дава до знаење дека е тука за нив.

Изглед

Жената Јарец освојува со својата класична убавина, нејзиниот целокупен изглед паѓа во очи, а првото нешто што луѓето го забележуваат кај неа се високо подигнатите јаболчници кои и даваат посебна елеганција и шарм. Типичната претставничка на овој знак има изразито и складно лице, длабоки и по малку мрачни очи, витка фигура и тенок врат, нагласени рамени и чист и блескав тен.

Има добри и прецизни обликувани веѓи, а сензуалните усни му даваат дополнителн шарм на нејзината појава. Косата обично и е тенка и свиленкаста и со потемни бои и нијанси. Освен изразените јаболчници, таа освојува и со својата прекрасна насмевка за која постојано добива комплименти. Има убаво обликувани нозе, тенки глуждови и мали стапала заради кои одот и е брз, подвижен и сигурен. Секогаш изгледа посвежо и помладо отколку што е.

Стил

Статусот и имиџот и се важни за жената Јарец и заради тоа никогаш не излегува несредена. Преку својот стилот на облекување ја истакнува својата индивидуалност, а нејзините модни комбинации најчесто се строги, професионални, прецизни и со чисти линии.

Она во што највеќе ужива се модните додатоци и скапиот накит, но мрази пренападен и кичест накит.

Никогаш не купува неразумно и надвор од своите можности, туку кога навистина може да си дозволи. Таа знае колку вредат нејзините тешко заработени пари и не ги троши бесмислено, туку купува прецизно.