Жената на Асад ја однесе најголемата победа: Асма Асад го победи ракот!

0
44

Сопругата на претседателот на Сирија, Башар Асад, рекла дека веќе воопшто нема траги од ракот на дојка кој и беше дијагностициран минатата година.

Асма Асад, која е родена 1975 година, во јавност ја изнесе својата дијагноза, што многу ретко се случува во арапскиот свет, каде истакнатите личности обично ги кријат своите болести.

Асма продолжи да ги извршува своите должности со покриена коса. Со сопругот Башар се појави во војна болница. Во интрвју за државната телевизија, Асма имала кратка коса и со насмевка ги охрабрувала жените редовно да одат на прегледи.

Извор: republika.mk