Жена тешко повредена во сообраќајка во Радовиш

0
81

Жена се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш.

Во несреќата учествувале автомобил „опел астра“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од М.К.(46) од Радовиш и „фолксваген поло“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван од М.К.(29) од Радовиш.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Здравствен дом Радовиш, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.