„Журнал“: Спасовски ќе го замени Заев на чело на Владата?!

0
235

По бројните вести кои кружат во странски и домашни медиуми дека премиерот Зоран Заев веќе поднел оставка поради големото разочарување заради недобивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, новинската агенција „Журнал“ дознава дека дури и со оставката на премиерот Заев, Владата нема да падне.

Според извори на Журнал, премиерот Заев ќе биде заменет од сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски ќе ја предводи Владата до крајот на целосниот мандат, односно до крајот на следната година.

Премиерот Заев се уште е во Брисел и откако ќе се врати се очекува да ја објави својата одлука преку прес-конференција на која ќе се обрати до граѓаните.

Извор: курир.мк