Заев најави поголеми плати за 2.899 лица во културата

0
41

Вработените во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за април 2019 година. Информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности ја усвои Владата на денешната седница.

Ова го објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

–Со оваа одлука на Владата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година, наведува премиерот.
Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата.

–Им честитам на културните работници и уметници за заслуженото, продолжуваме да работиме на подигањето на стандардот во културата. Културата е еден од столбовите на нашето заедничко општество, напиша премиерот Заев.