Заев: Пендаровски е фаворит, сакаме да победи на кристално чисти избори

0
43

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, вели дека власта ќе направи се претседателските избори да бидат кристално чисти и демократски, затоа што, како што потенцира нивниот кандидат е огромен фаворит и сакаат тој да победи на едни такви избори.

Фаворитската улога, како што рече во емисијата „Само Вистина“ произлегува од тоа што Стево Пендаровски многу добро котира и кај Македонците, но и кај Албанците, Турците, Бошњаците и останатите етнички заедници во земјава, но, и поради тоа што зад неговата кандидатура застанала 31 политичка партија.

-Како фаворити, наша цел, желба и задача е да победиме на кристално чисти избори и да нема тронка сомневање. Треба да имаме претседател кој ќе биде претседател на сите граѓани без разлика дали гласале за него или биле против и без разлика на етничката припадност, рече премиерот Заев.

Одговарајќи на прашањето дали главната битка меѓу кандидатите ќе се води по прашање на поддршката на Преспанскиот договор и промената на името, тој рече дека тоа е едно од прашањата кое ќе влијае на одлуката, бидејќи кандидатката која е поддршана од СДСМ професорката Гордана Силјановска Давкова и Пендаровски имаат сосемма различни ставови.

Тој рече дека Силјановска Давкова не го почитува Уставот и оти тоа не е во ред од нејзина страна.

-Ние имаме нов Устав. Уставот е највисок правен акт што мора да го почитуваме да му се поклониме и готово. Тоа е тоа. Имало многу одлуки што ги носела државата, некому тие му се допаѓале многу, некому не, но тие треба да се почитуваат, рече Заев.

Тој истакна дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имале различни ставови во однос на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за тимот на обвинители во СЈО.

-Јас сум поддржувач на тимот на СЈО, затоа што јавно учествувавме во селекцијата на обвинителите во 2015 година, и власта и опозицијата. И навистина оваа институција покажа капацитет, а тоа го препознаа како дома, така и странците кои ни помагаат во правосудниот систем, рече Заев.

Според него, Специјалното јавно обвинителство долг период била искра надеж на враќање на правната држава.

Во идниот период, како што рече Заев, СЈО ќе ја гони сегашната власт, затоа што како што истекува периодот на стариот закон и како што е предвидено во новиот закон истрагата за висока корупција ќе се однесува за сите.

Премиерот рече дека секој обвинител има мандат што завршува. – Обвинителите имаат право на реизбор, но никој не гарантира дека ќе бидат реизбрани затоа што се враќаат во нормалниот обвинителски систем. Тоа важи и за Катица Јанева, која има мандат до 15 септември, рече Заев и додаде дека СЈО има уште една и полгодина мандат, односно до септември 2020 година.

По новиот закон, како што рече Заев, ако се донесе до крајот на март, на Јанева и се дава мандат уште една година, односно крајот на март 2020 година, значи разликата меѓу 15 септември и крајот на март е шест месеци.

На прашање дали за него е прифатливо обвинителот да биде странец, Заев рече зошто тоа кога дома имаме квалитетни луѓе.

-За мене е поприфатливо прво опозицијата да даде предлог експерт од дома, отколку странец. Ако констатираме сите дека дома го немаме, тогаш да размислуваме, рече Заев.

Премиерот вели дека е транспарентен за себе и за она што тој го поседува. Во контекст на тоа додаде дека во идниот период СЈО ќе ја гони сегашната власт, затоа што како што истекува периодот на стариот закон и како што е предвидено во новиот закон истрагите за висока корупција ќе се однесува за сите.

Заев рече дека е прв од борците за враќање на правната држава, бидејќи беше уништена заради мешање на политичари и моќни луѓе во правосудството.

-Само ако имаме правна држава можеме да чекаме економски живот и инвестиции, а тоа е и предуслов за датум за преговори, рече Заев.

Извор: press24.mk