Заев потврди: Разрешени се извршниот одбор, потпретседателите и секретарите на СДСМ

0
17

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и коордианторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршување на седницата заблагодарувајќи им се на сите за вршењето на досегашните функции во партијата.

Информира дека за нов генерален секретар е избран Љупчо Николовски и дека тој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Ветивме промени и се случуваат. СДСМ вечерва демонстираше сериозна одговорност пред граѓаните и сопствената земја. Донесовме одлуки што носат суштински промени, изјави Заев.

Тој додаде дека оваа одлука е сериозен израз на одговорност, на, како што истакна, восприемчивост од пораките на граѓаните и наши амбиции за нашето подобрување. Тргнавме од сопствените редови. Знаете донесов одлука за разрешување на претседателите на општинските организации. Продолживме и понтаму вечерва, рече премиерот и лидер на СДСМ.

Според одлуката разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Заев најави дека продолжуваат консултации за поставување на нови на овие функции и истакна дека се е време на уште поголема иницијатива на СДСМ и целиот фоукос ќе биде кон подобрување на животот на граѓаните.

Извoр: press24.mk