Заев размислувал за оставка, но решил дека нема право да се откаже од патот до ЕУ

0
64

Премиерот Зоран Заев денеска во Владата на прес-конфренцијата потврди дека во игра било тој да си поднесе оставка, но по консултациите со многумина одлучил дека нема право да се откаже и затоа предлогот е да се оди на брзи избори.

Јас сум Зоран Заев, може да бидам градоначалник, премиер, но прво сум човек и одлуката во Брисел кај мене предизвика горчина. Комуницирјќи со сите, сите опции беа во игра. Но реков немам право да се откажам да се борам, народот ќе одлучи дали ќе ми го довери мандатот за да продолжиме по тој пат. Сè друго е ќорсокак. Оставив вчера денот да преспие, рече Заев.