Заев се консултира со европските лидери дали да даде оставка

0
123

Премиерот Зоран Заев се консултира со европските лидери за понатамошните одлуки, откако денеска Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ поради ветото на Франција. Од Владата брифираат дека во тек се консултации на различни нивоа, а одлуките се носат исклучиво имајќи ги предвид највисоките интереси на државата и на граѓаните.

Европските лидери во телефонски разговори на Заев му кажале дека земјава е спремна па почне пристапни преговори со ЕУ, но за жал некои земји не се подготвени, пишува СДК.МК.

„Премиерот оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан. Од сите европски лидери стигна јасна порака, со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите.

Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени“, брифираат од Владата.

Од таму додаваат дека штом бидат донесени конечните одлуки, јавноста веднаш ќе биде информирана.

Извор: курир.мк