Заев со селфи од Лондон: Стануваме 30-та членка на НАТО

0
40

Премиерот Зоран Заев објави селфи од Лондон, каде учествува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, по повод 70-годишнината од постоењето на Aлијансата.

„Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од демократскиот свет.

Овде, во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70. роденден на алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за балгосостојба на сите наши граѓани“, напиша Заев на „Фејсбук“.