Заев: Ќе има пријатни изненадувања на ЦО на СДСМ во Охрид

0
98

Премиерот Зоран Заев, кој воедно е и претседател на Социјалдемократскиот сојуз, денеска од Преспа најави пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид.

Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите….. Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и други политички партии и општеството да се менуваме кон подобро – изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.

Извoр: republika.mk