За оние кои ќе одат на летување во Црна Гора ова се цените на лежалка, кафе, брза храна

0
30

Ако годинава дестинација за летување планирате да ви биде Црна Гора тогаш добро е да ги знаете овие информации во поглед на цените .

Цените во Црна Гора останаа на минатогодишното ниво, и судејќи според податоците кои ги поседува Јавното претпријатие за управување со Морски добра во Црна Гора, цените на лежалки на плажите останале исти. Тоа значи дека за една лежалка ќе треба да издвоите од 5 до 15 евра, колку што се плаќа на јавнофрекфентните плажи.

За популарната брза храна во екот на сезоната е потребно да издвоите помеѓу 1 евро и 5 евра зависно од тоа на кое популарно црногорско летувалиште се одмара, додека цената на кафе е помеѓу 0.80 и 1.80 евра. Цените се скоро исти како минатата година.

Во рестораните цените се исто така слични како минатогодишните. За ручек ќе ви требаат помеѓу четири и 40 евра по лице зависно од местото на кое престојувате и нарачаната храна.

Извoр: kurir.mk