Зимски замор: Како да се справиме?

0
12

Нерасположението и заморот се често присутни за време на зимските месеци. Овие симптоми се јавуваат во текот на зимата, кога деновите се кратки.

Зимскиот замор е проследен со губиток на волја, анксиозност, почеста потреба за спиење и тешко будење. Тука се јавува и проблем со концентрација, како и намалена општа виталност.

Кога деновите се пократки и има помалку сонце, телото произведува повеќе мелатонин, хормон кој предизвикува поспаност. Ова е особено присутно кај постарите личности, како и кај оние кои работат во простории со малку дневна светлина.

Начините на коишто можете да си помогнете се следните: Пуштете светлина во просторијата, прошетајте се после ручекот, наспијте се добро, редовно вежбајте, релаксирајте се, хранете се поздраво.