Игор Југ со порака: Татковината повикува, на 21 април да означиме почеток на крајот на злото Зоран Заев

0
30

„Браќа и сестри, со желба за една единствена и вечна Република Македонија, мисла за светла иднина на идните генерации, ве повикувам во битката која претстои на 21 април на претседателските избори, да означиме почеток на крајот на злото Зоран Заев“, порачува Игор Југ, еден од патриотите кои се во затвор поради 27 април.

„Ве повикувам да дадеме поддршка на борецот за право и правдина проф. Гордана Силјановска Давкова. Татковината не повикува! Време е да покажеме дека никогаш не застанавме, дека ниту едно зло не може да не исплаши, ниту едно зло не е поголемо од онаа што е нанесено на Република Македонија. Да продолжиме заедно со проф.

Гордана Силјановска Давкова, да се бориме за сонот за Република Македонија заедно сите, до победа. Времето нека пишува биографија за секој од нас, сплотени до конечна победа.

Ќе го дочекаме и тој ден достоинствено. Ќе светне сонцето, ќе огрее.Да живее Република Македонија!“, гласи пораката во писмото од Игор Југ, упатена преку Фејсбук.