Изгубено е дете во Драчево, ако го видите веднаш пријавете во полиција

0
65

Детенце утринава исчезнало во скопско Драчево. Апелот за помош во негово пронаоѓање на социјалните мрежи го објави неговата мајка.

-Ве замолувам да го пронајдеме заедно мојот син Михаел, последен пат е излезен од дома сабајле и не е отиден во училиште, случајот е пријавен и во полиција. Облечен е во сива маичка на кимоно и плави шорцеви и плави патики најк со бело знакче. За било какви информации контактирајте ме мене или јавете се во полициска станица Драчево, стои во објавата на мајката на Фејсбук.