Исказот за кој прима закани: Боки 13 парите му ги предал на близок роднина на Зоран Заев

0
1475

Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа, дознава Вечер.

Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа.

Што е ново што Бојан Јовановски, Боки 13, имал да и каже на обвинителката Вилма Рускоска? Според сознанија на порталот Вечер, откако со самиот почеток на судењето видел дека неговите соработници од врвот на власта имаат намера да го жртвуваат и да се сокријат себе, Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица, а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.

Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.

За поткрепа на овие тврдења Боки 13 ја упатил обвинителката на поголем обем снимени аудио и видео материјали кои го потврдуваат неговиот исказ од кои се гледа комуникација со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Вице Заев и неколку други лица од врвот на власта, помеѓу кои и директорот на Финансиска полиција Арафат Мурати. Телефоните кои му биле одземени биле зклучени со шифри при што се појавил проблем за откривање на содржината. На овие состаноци со обвинителката Рускоска Боки 13 прифатил да ги даде шифрите за декодирање на телефоните и преземање на содржината од нив како докази.

Исказот на Боки 13 од овие две средби кај обвинителката Вилма Рускоска е многу обемен, па според сознанија има околу 30 страни. Се очекува обвинителката Вилма Рускоска да постапи по овие нови докази, а наскоро се очекува и јавна потврда од Рускоска дека овие две сослушувања на обвинетиот Боки 13 се случиле, секако без детали кои би и штетеле на истрагата и понатамошниот процес пред судот. Досега овие два искази на Боки 13 беа тајна за јавноста.

Понатамошниот процес, доколку ЈО и Вилма Рускоска решат да ги употребат новите докази, секако ќе значи нови истраги и обвиненија за лицата кои ги добивале рекетираните пари од Боки 13 но, и постапки против лица кои дале рекет а тоа не го пријавиле со што добиваат третман на лица кои доброволно дале поткуп за да бидат ослободени од истрагите на СЈО.

Извор: република.мк