И на СДСМ им е јасно дека губат

0
76

Деновиве сме сведоци на нова афера, продолжение на Рекет, која го доби името Рекет 2, за деталите на случајот нема да пишувам, бидејќи истите се веќе разработени во јавноста. Ќе пишувам за исквареноста на правосудниот систем и аморфноста на институциите, две работи кои ја уништија правната држава и ја убија надежта во луѓето дека нешто може да тргне на подобро.

Пишува: Светислав ВАСЕВ

Уште Боки 13 не се појавил на распит за случај за кој е во притвор два месеци, а веќе имаме нов милионски криминал и уште неколку во најава. Планот на власта да го забошоти случајот Рекет, се повеќе станува невозможен. Криминалот кој оваа гарнитура го има направено е толку голем, што веќе излегува од секаде.

Големиот криминал заедно со продажбата на националните интереси ја срушија довербата во владата, граѓаните повеќе не гледаат дека со оваа власт нешто воопшто може да тргне на подобро. Токму затоа веќе и на Бихаќка, а и на сите странски претставници во земјава им е јасно дека СДСМ наредните избори, кога и да се случат тие ќе ги изгуби.

Оттука е јасно и се што се случува моментално. Заев, кој свесен за се што следи, ќе ја држи власта со последно, бидејќи знае дека наредното доаѓање на СДСМ на власт и нема да биде така скоро. Напротив со ВМРО кое ќе биде насочено на обнова на Македонија тоа ќе биде невозможно.

Во полза на што подолгото останување на власт и недавањето предвремени се ставени сите институции. Се влечат истраги, се пригледува низ прсти, само и само да се направи криминал повеќе. Не ги интересира ниту правната држава, ниту граѓаните, ги интересираат само нивните профити. И треба да бидете нискоинтелегентни за да мислите дека Заев поима нема што се случува. Тие приказни повеќе ме проаѓаат.

Целокупниот прогон на невини луѓе, криминалот и корупцијата се лично оркестрирани од врхушката и истите не би биле можни без најголема логистика.

Но доаѓа време за одговорност и секој индивидуално ќе треба да одговара за стореното. А тогаш… Тогаш ќе се појават многу луѓе кои што ќе кажат, што се се случувало, а не сме ни претпоставувале.