И ТИЕ ЈА ОДМИНАА МАКЕДОНИЈА: Киа и Хјундаи ќе инвестираат 80 милиони евра во Хрватска

0
26

Компанијата „Хјундаи мотор груп“ и „Киа моторс компани“ заеднички инвестираа 80 милиони евра во „Римац“ – хрватската компанија за електрични возила. Компаниите најавија стратешко партнерство за да соработуваат во развојот на електрични возила со високи перформанси.

Со новата соработка, „Хјундаи“ има за цел да го забрза транзитот кон чиста мобилност и да се позиционира себеси како глобален лидер во водењето на оваа промена во индустријата.

„Хјундаи“, „Киа“ и „Римац“ ќе работат заедно за да развијат електрична верзија на спортскиот автомобил на брендот N, марка „Хјундаи“, и електрично возило со високи перформанси до 2020 година.

„Римац“ е иновативна компанија со извонредни можности во електричните возила со високи перформанси”, изјави Еуисун Чунг, извршен потпретседател на „Хјундаи“. “Неговите корени како стартап и големото искуство во соработка со производители на автомобили во комбинација со технолошките способности, го прави „Римац“ идеален партнер за нас. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со „Римак“ на патот кон чиста мобилност “.

Основачот и извршен директор на „Римац“, Мате Римац рече: “Ние сме многу импресионирани од визијата на Hyundai групацијата и брзата и решителна иницијатива. Ние веруваме дека ова технолошко партнерство ќе создаде максимална вредност за нашите компании и нивните клиенти. „Римац“ сѐ уште е млада и релативно мала, но брзорастечка компанија.“