Каде завршиле парите: Што ќе покажат снимките од камерата одземена од кај родителите на Боки?

0
8

За време на денешното судење во случајот „Рекет“, првоосомничениот Бојан Јовановски изнесе нов момент кој целосно може да го промени текот на настаните. Иако Обвинителството ги терети осомничените дека зеле 1,5 милиони евра од брачната двојка Камчеви досега не се откри каде се парите.

Боки е убеден дека вистината за овој случај ќе излезе на виделина.

-Ќе сведочам за организаторите и помагачите на овој настан и ќе поднесам кривични пријави. Камерите од куќата на моите родители ќе докажат кој заминува со торбата и каде, изјави Јовановски.

Оваа најава на Боки се совпаѓа со она што тој на почетокот на август го тврдеше за српските медиуми.

Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка – им изјавил Бојан Јовановски на полицајците кога го привеле, објавува српски Курир на насловната страница.

Понатаму медиумот на насловната страница пренесува дека Боки 13 се заканил:

Ако ме обесите и тоа се обидете да го претставите како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, заплашувате, убаво сега во кажувам, да не биде после дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден.

Извор: република.мк