Какво време нè чека неделава?

0
57

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 11 до 21 степени.

Од утре попладне и во среда под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Локален дожд ќе има и во четврток.

Утринската ќе се спушта до четири, а дневната ќе се движи околу 20 степени.

Извор: република.мк