Како да го забрзате телефонот и да го продолжите траењето на батеријата?

0
127

Купивте нов телефон и само неколку месеци подоцна забележувате дека веќе не е брз како порано? Тоа ќе се случи порано или подоцна и не е секогаш поврзано со тоа дали сте купиле скап или поевтин смартфон. Има врска со тоа како го користите.

Пред сѐ, треба да знаете дека и многу врвни телефони се така направени за да забават со темпото на работа по неколкумесечна употреба, макар и само малку.

За среќа, има неколку едноставни начини како да го вратите вашиот телефон на работење со полна брзина и наедно да го продолжите траењето на батеријата.

Користете Files by Google за да ги исчистите кешираните податоци и просторот за складирање

Апликацијата за менаџирање на фајлови што ја направи Google не само што ги анализира неискористените датотеки и апликации, туку и овозможува полесен пренос на фајловите. Files by Google особено е корисна ако се обидувате да ги најдете некористените и непотребните фајлови во вашиот смартфон.

Решете се од bloatware и некористените апликации

Повеќето Android телефони доаѓаат со одредени bloatware апликации. За среќа, можете да им направите Disable или Uninstall.

Влезете во Settings -> Apps и проверете кои апликации ги имате инсталирано. Избришете ги или стопирајте ги оние кои не ви се потребни.

Проверете дали ги имате најновите ажурирања

Добра навика е редовно да го ажурирате телефонот, бидејќи повеќето производители преку овие ажурирања (updates) ги коригираат грешките или ја подобруваат стабилноста на уредот. Google објавува и месечни безбедносни ажурирања кои се клучни за намалување на безбедносната ранливост на уредот.

Иако можеби не гледате огромна разлика во целокупното корисничко искуство откако ќе ги инсталирате безбедносните апдејти, но тие позадински значително ги подобруваат перформансите на вашиот смартфон.

За да видите дали е достапно ново ажурирање за вашиот телефон, влезете во Settings -> About phone -> System update.

Инсталирајте Lite верзии на апликациите

Ако користите телефон со ограничена меморија и простор за складирање, употребата на апликации со лоша оптимизација може многу да ве нервира.

Facebook е совршен пример за тоа, бидејќи апликацијата има тенденција да биде бавна дури и на сосема нови телефони. Сепак, Facebook има Lite верзија на својата апликација, која работи подеднакво добро, а користи само дел од ресурсите на „големата“ апликација.

Тоа не е сѐ, на располагање ви се и Messenger Lite, Twitter Lite, Skype Lite, YouTube Go…

Исчистете го почетниот екран

Користењето live позадини обично го забавува работењето на телефонот, особено ако користите поевтин модел. Ако забележите дека доцни префрлањето од една на друга апликација или кога излегувате од апликацијата за да се вратите на почетниот екран, ставете статична позадина.

Пробајте поинаков launcher

Иако многу производители сега работат во насока на поедноставување на корисничкиот интерфејс на телефоните, тој честопати е пренатрупан и тежок за користење.

Тука особено се „истакнуваат“ кинеските производители со нивните интерфејси како EMUI и MIUI кај Huawei, односно Xiaomi телефоните. Сепак, сето тоа може да се заобиколи со преминување на поинаков launcher, како на пример Nova Launcher и Action Launcher кои овозможуваат прилагодување од секој аспект на корисничкиот интерфејс.

Оптимизација на батеријата

Ако забележите дека батеријата на телефонот почнува да ви се троши побрзо од вообичаено, најчесто причина за тоа се апликациите што работат во позадина и ја трошат батеријата.

Во Settings -> Battery можете да видите кои апликации особено многу трошат батерија и да ги запрете со избирање на опцијата Force stop.

Не инсталирајте апликации за оптимизација на батеријата. Повеќето од нив орават повеќе штета отколку корист. Нивната намена е да ги детектираат апликациите кои трошат многу и да го бришат „кешот“ од вашиот телефон, но тоа доаѓа по цена на здодевни огласи, па дури и штетен софтвер, а овие работи можете да ги направите сами.

Извор: Кајгана