Како отворени бонбониери: Филипинските Чоколадни острови и легендата за нивното настанување

0
35

Иако во поголемиот дел од годината се покриени со густа трева, кога настапува период на суша, брдата на филипинскиот остров Бохол, добиваат чоколадна браон боја. Бидејќи ги има преку 1.000 и се расфрлани по рамнината, гледано од горе, неодоливо потсетуваат на отворена кутија чоколадна бонбониера, по што и го добиле името – чоколадни.

Постојат неколку легенди кои се врзуваат со настанувањето на овие брда. Една вели дека тука се бореле два џина, гаѓајќи се меѓусебно со камења. Кога борбата била завршена, зад себе оставиле многу камења – денес овие брда.

Друга зборува за џинот Аргу, кој бил заљубен во смртничката Алоја. Бидејќи не можел да биде со неа, плачел, а тие солзи денес се овие брда.

Науката вели дека Чоколадните брда слични со оние кои се наоѓаат во варовничките региони во Словенија, Хрватска, во северниот дел на Порторико и на Куба.

Тука доминира црвена и висока трева која потсетува на трска, а на полињата меѓу брдата се одгледува ориз.

И еден, за Филипините, важен историски настан се случил баш во подножјето на овие брда. Имено, на ова место во 1565-та година бил постигнат првиот официјален договор меѓу Филипинците и Шпанците.

Тогашниот поглавар Дату Сикатуна и претставник на шпанскиот крал Филип Втори, го постигнале договорот “Договор во крв”, односно испиле вино во кое двајцата капнале капка крв од своите раце. Во чест на тогашниот владетел на Шпанија, Филипините го понеле името кое го носат до денес.

View this post on Instagram

Chocolate hills 2018 archives✌️🏞️

A post shared by Anton Gorbachev (@antongor_) on