Калајџиев за „27 април“: Ова дело не е класичен тероризам, а казните се драконски

0
13

Поранешниот професор по кривично право Гордан Калајџиев вечерва во „Неделен брифинг со Сотир Костов“ на Инфомакс.мк во врска со судењата за случајот за 27-ми април истакна дека тоа дело не е класичен тероризам, како и дека казните кои се изречени за истото се драконски.

– Ова дело не е класичен тероризам, ние класичен тероризам го имаме како дела против државата, но е многу блиску до тие дела затоа што за нив се бара намера за внесување на страв несигурност, тероризмот е начин на сеење на страв со опасни дејствија. Во овој случај имаме различни групи и индивидуи чии намери се различни, а намерата е многу деликатна за да се одреди, ако го земеме во предвид едно друг случај како што е „Монструм“, од субјективната страна за тоа која е намерата може да биде тероризам, може да биде и дел од омраза, јас сум убеден и мислам дека подобра квалификација за тоа дело би било дела од омраза, рече тој.

Калајџиев објасни дека делото тероризам многу често оди со организирана група, многу ретко има или би било тешко да се конструира од еден настан или настан со реакција да се квалификува заради насилството како тероризам или дека е директно е насочен кон уставниот поредок.

– Нема логика казната вооружен бунт којшто би значел група луѓе организирани против државата со оружје, каде се предвидува казна затвор од најмалку пет години, од пет до 20 години, а за ова дело има дури и потешки казни, по мене не се суштински исполнети обележјата на делото, очигледно дека тука намерата не е трајна и издржана намера која е јасно изразена, па тука не можеме да кажеме за најголем дел од луѓето е тешко да се конструира намера за вршење на преврат на власт без да се има поголемата слика, појасни поранешниот професор.

Калајџиев вели дека во принцип секое насилство раѓа страв, но тука е битна намерата или умислата со која се врши делото.