Калчото ќе го гледаме на МТВ, а има преговори и за Лига 1 и врвен ракомет од ЛШ!

0
39

Новата сезона во Серија А започнува викендов а Македонската радио телевизија обезбеди ТВ преноси.

Ова е официјално потврдено што значи дека настапите на Пандев, Трајковски, Елмас и Несторовски ќе можеме да ги гледаме со коментар на македонски јазик.

Од секое натпреварувачко коло ќе биде обезбеден по еден ТВ пренос.

Новата сезона во Италија започна вчера, а на МТВ од воведното коло ќе го гледаме натпреварот меѓу Интер и Лече закажан за во понеделник од 21 часот.

МТВ преговара и за пренесување на дел од возбудувањата од француското фудбалско првенство а можно е да биде договорена соработка со Аренаспорт и за преност на натпреварите на РК Вардар и на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Извор: kurir.mk