Камчева: Боки 13 бараше да повлечам текст од портал дека синот на Катица е вработен во 1ТВ

0
85

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, на денешното сведочење рече дека преку Зоран Милески Кичеец, Боки 13 барал да се повлекуваат текстови од портали поврзани со синот на ексшефицата на СЈО Катица Јанева.

Милески ме викна во А Палас и ме тераше да кружиме околу хотелот. Ми рече дека Боки е многу вознемирен за текст на порталот Сведок во кој пишувало дека синот на Катица Јанева е вработен во 1тв. Му реков дека не знам ништо за тоа, дека немам време да читам портали, но тој ми рече дека морам да најдам начин текстот да биде повлечен, рече таа.

Камчева вели дека средбите со Бојам Јовановски најчесто биле во 1ТВ во неговата канцеларија, еднаш се сретнале во ресторанот Сушико и два пати во неговиот дом. Таа е децидна дека Јовановски сите упатства ги добивал од ексшефицата на СЈО.

Бојан точно ги знаеше сите чекори, тој беше во постојана комуникација со спец јавна обв и ја ставаше на спикерфон секогаш кога зборуваше”, рече Камчева додавајќи дека на првата средба Боки 13 не побарал пари од неа, туку се повикал на своето влијание.
Во текот на сведочењето на Камчева, судијката даде пауза од една минута, бидејќи Јовановски се пожали дека му се лоши и дека има нагони за повраќање, по што беше изнесен на кратко од судницата.

Извор: лидер.мк