понеделник, март 1, 2021
ДОМА СЦЕНА ПОЗНАТИ Карлеуша стана Karlykosova – најпозната „албанска“ пејачка: Ајварот ви го простивме, неа...

Карлеуша стана Karlykosova – најпозната „албанска“ пејачка: Ајварот ви го простивме, неа – нема…“ (ФОТО)

0
81

Јелена Карлеуша е една од најпознатите не само српски, туку и регионални поп-фолк пејачки. На Инстаграм ја следат над 2,3 милиони следбеници ширум светот. Тие велат дека таа е најконтроверзната српска пејачка и дека е некој што ги поместува границите и во музиката и во модата.

Но однеодамна на социјалните мрежи започна да кружи лажен профил кој објавува нејзини фотографии, што не е изненадувачки бидејќи Карлеуша има голем број обожаватели и е мегапопуларна во регионот. Сепак, она што е интересно е описот на самиот профил, како и неговото име. „Страница за Јелена Карлеуша, најголемата албанска музичарка“ стои како опис на самиот профил, додека неговото име е Карликосова (Karlykosova).

Ова предизвика голем број коментари и реакции на Твитер, најмногу негативни, каде најчесто се зборуваше дека е срамота да се каже дека најпопуларната српска пејачка има албанско потекло. Овој пат ќе го издвоиме најсмешниот коментар на овој лажен профил:

 

„Ало, ајварот ви го простивме, но ова е неприфатливо“.

Да потсетиме, како гостин во шоуто на Шон Еванс во емисијата „”Hot ones”“, албанската пејачка Дуа Липа јавно рече дека најголемиот албански специјалитет се вика Ајвар, а нешто подоицна истото го стори и нејзината сонародничка, пејачката Бебе Реџа!