Карчовски повика на поддршка за Мутибариќ: Муто е легенда која не смеевме да ја заборавиме

0
50

Народ со кратко паметење сме. А краткото паметење значи кратка памет. Драган Мутибариќ – Муто е легенда која не смеевме да ја заборавиме, пишува Јован Карчовски на „Фејсбук“, по објавите за тешката здравствена состојба на поранешниот голман на Вардар.

Бирократските процедури не смееја да бидат изговор! Требаше да се случи ваква трагедија за институциите да се разбудат и преку ноќ да го направат тоа што не го направиле години наназад. Сепак, и оваа поддршка е значајна и многу му значи на Мутибариќ. Муто е легенда на Лисиче, легенда на Аеродром, легенда на Вардар, легенда на Југославија.

Малку ли е тоа? И бидејќи институциите се тромави и гломазни, општината мораше да најде начин да му помогне на Мутибариќ пред да се случи ова. Затоа, во иднина мора да се направи регистар на врвни спортисти од општина Аеродром и на други заслужни граѓани, еден вид на солидарен фонд за “злу нетребало”. Ако ги исушиме нашите корени, крошната и младите фиданки нема на што да се држат. Поддршка за Мутибариќ!, посочува Карчовски.