Касиљас: Ќе биде грешка ако ја дадат Златната топка на Роналдо

0
43

Кристијано има пет „Златни топки“, но според неговиот поранешен соиграч во Реал Мадрид, би било нелогично ако Роналдо победи и оваа година.

– Ван Дајк е избран за најдобар фудбалер на УЕФА, додека Меси е избран од ФИФА. Ако Кристијано Роналдо ја освои „Златната топка“, за мене, насоките што ги користиме за да утврдиме кој ја освојува најголемата индивидуална награди во фудбалот, нема да ми изгледаат логично, напиша Касиљас на социјалните медиуми.