Кај замина модава: Манекен со чизми со штикли одеше на писта како „пијана жирафа“

0
82

Германскиот манекен Леон Даме експресно стана хит на социјалните мрежи, но и ѕвезда на париската модна недела „благодарение“ на неговото чудно одење на модната писта кое познатите дизајнери го споредија со одење на „пијана жирафа”.

Леон носеше модели на модната куќа Maison Margiel и со крајно сериозен изглед одеше по пистата како да е премногу пијан. Дури и секогаш сериозната уредничка на Вог, Ана Веитур, се насмеа додека гледаше како се движи манекенот.

Целата кореографија воопшто не била спонтана. „Веќе испланирав нешто, но ноќта претходно работев со кореографот Пат Богуславски“, изјави Даме.

Младиот Германец претходно беше прогласен за еден од најдобрите машки модели, а модните инсајдери тврдат дека со својот изглед ќе ги промени модните ревии.

„Премногу текила“, „Пијаната жирафа го напуштила ноќниот клуб во 7 часот наутро“ и „Би шетала фуриозно како него, за да ме натераат да прошетам на пистата со чизми“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.