Кинескиот гигант добива нова лиценца за работа во САД

0
124

Во понеделник на компанијата „Хуавеј“ и истекува тримесечната лиценца која и овозможува да работи со американски компании. Ова е второ продолжение што САД и го додели на „Хуавеј“, откако деловните односи меѓу САД и Кина се искомплицираа кон средината на мај годинава.

Но, изворите велат дека „Хуавеј“ ќе добие трето продолжение. Ова секако не е изненадување , бидејќи самиот американски министер за трговија Вилбур Рос на почетокот на овој месец објави дека наскоро ќе започне со издавање на лиценци за американски фирми кои сакаат да соработуваат со „Хуавеј“.

За да не се испостави дека кинеската компанија нема санкции, веднаш беше објавено дека не на сите фирми ќе им се даде зелено светло, или дозвола за соработка.

Сега е јасно дека тогаш се мислело за „Qualcomm“, „Micron“ и „Intel“ на кои им беше одземена лиценцата поради наводна закана за националната безбедност. Барем така пренесува американски „Политико“, кој исто така објави дека „Хуавеј“ ќе добие ново продолжение во понеделник, овој пат на шест месеци.

Сепак, не сите се согласуваат за времетраењето на дозволата. „Ројтерс“, на пример, повикувајќи се на анонимни извори добро запознаени со целата работа за „Хуавеј“, рече дека дозволата од трети лица ќе биде значително пократка – само две недели. Ова би можело да значи дека трговскиот договор меѓу САД и Кина е конечно постигнат во тие две недели, така што во иднина на „Хуваеj“ ќе и требаат посебни дозволи за работа со американски компании.