Колку заработува Зинедин Зидан со само една објава на Instagram?

0
42

Зинедин Зидан е постојано на мета на критичарите кои речиси секојдневно пишуваат дека ќе биде сменет, иако договорот со Реал Мадрид му е до 2022 година.

Шпанските медиуми минатата недела пишуваа дека Реал веќе нашле замена за него на крајот на сезоната и дека можно е тимот да го преземе Масимилијано Алегри. Но, Зидан верува во неговата позиција што му гарантира 12 милиони евра по сезона.

Французинот не само што не е најплатениот тренер во Европа, туку ја нема таа „титула“ ни во Шпанија. Диего Симеоне во Атлетико заработува 22 милиони евра, Јирген Клоп во Ливерпул 18, а Пеп Гвардиола дури 24 милиони евра во Сити.

Иако не е меѓу најплатените, Зидан заработува и „нешто“ на страна. Marca денеска објави дека тренерот на Реал добива дури 200.000 евра за секоја објава на Instagram во која споменува некој од неговите спонзори.

Зидан има околу 28 милиони следбеници на Instagram,, далеку повеќе од Симеоне, Гвардиола, Клоп и други тренери.