Колку пати неделно е потребно да вежбате за да забележите резултати?

0
25

Исто како исхраната, и вежбањето е исклучително важно во процесот на слабеење. Многумина се прашуваат колку пати треба да вежбааат во текот на неделата за да ја остварат посакуваната цел.

Фитнес тренерите препорачуваат најмалку 30 минути секојдневно вежбање за да постигнете резултати, но доколку сте фокусирани само на слабеење, треба внимателно да ги комбинирате вежбите. Не постои совршена вежба со која ќе постигнете магични резултати, па затоа мора да комбинирате различни вежби за да забележите промени на вашето тело.

Оние коишто сакаат да го изгубат вишокот на калории неделно треба да вежбаат вкупно 250 минути, а доколку вежбањето го комбинираат со правилна исхрана, резултатите ќе бидат видливи.

Практикувајте тренинг со тегови најмалку 3 пати неделно.

Ваквиот тип на вежби го забрзуваат метаболизмот и ги согоруваат маснотиите. Правете 3 серии со 5-8 вежби кои вклучуваат активирање на мускулите на грбот, градите, рацете и стомакот.

Прилагодете го тренингот според вашето тело.

Извор: кајгана