Колозова: Сонцето ништо не ни значи, никогаш не било дел од нашиот фолклор

0
22

Во реакција на насловот од грчкиот весник „Катимерини“ – „Северна Македонија го забрани Сонцето од Вергина на јавни простори“, поранешниот почесен конзул на Македонија во Аризона, Цејсон Мико на „Твитер“ напиша:

Сегашната Влада на #Македонија, која ќе падне наскоро, никогаш нема да може да го исполни тоа од најразлични причини, а новата влада ќе го игнорира. Симболот се наоѓа на работи ископани од под земја и во културни артефакти, кои датираат од пред (постоењето на) земјата, низ цела Македонија, твитна Мико.

Извршниот директор на Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје, пак, Катерина Колозова реагира на оваа изјава на Мико.

Мико, сонцето ништо не ни значи, никогаш не било дел од нашиот фолклор, нигде никаде, ниту од симболизмот патриотски – во 90-ти го лансираше службашот Тодор Петров. Ова е новокомпониран патриотизам: антички, и во суштина антимакедонски, пишува Колозова.