Конечно се знае што има на дното на мистериозната Сина дупка

0
109

Славната и мистериозна Голема сина дупка во Белизе конечно е истражена и знаеме што има на нејзиното дно.

МИнатиот месец научна експедиција се упати на дното на Големата сина дупка, а еден од истражувачите беше милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на групацијата Virgin.

Ова беше прво нурнување на дното на дупката која се наоѓа на гребенот Лајтхаус што припаѓа на најголемата мрежа бариерни гребени на светот.

Групата стигна до дното со помош на подморницата Aquatica и најде ѕид од сталактити, за кој Бренсон вели дека укажува дека дупката се состои од пештери што првично биле формирани на суво тло, односно се наоѓале на површината.

„Оваа дупка е доказ дека нивото на океанот може драстично да порасне, но и до катастрофално ниво. Нивоата мора да бидат неколку стотина метри пониски. Пред 10.000 години нивото на морето пораснало за 91 метар кога се стопило многу мраз. Тоа е еден од најстрашните потсетници на опасноста од климатските промени“, рече Бренсон.

Поради големата длабочина на дупката и недостигот на кислород внатре, на дното нема живот.

Бренсон сепак напомена дека видел долу пластични шишиња за кои потсетува дека се главен причинител на загадувањето на морињата и океаните.