Костадинов: Сиљановска сака да стане врховен командант, а не знае колку војници има армијата

0
29

Сиљановска покажува дека не ги познава клучните прашања под директна надлежност на Претседателот на државата, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што кажа тој, Сиљановска сака да стане врховен командант на вооружените сили, а не го знае бројот на војници во Армијата.

–Крјано неодговорно, несериозно и големо незнење на тема директно поврзана со безбедноста на државата. Северна Македонија не смее да си дозволи да има врховен командант на војската кој нема основни познавања, клучни за безбедноста, истакна Костадинов и додаде дека таквото непознавање може негативно да влијае врз безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Партискиот портпарол додаде дека граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за вистински претседател на државата, на кого, како што рече, армијата и македонските војници ќе му бидат во фокусот.

Извор: lider.mk