Крани ден по невремето: Откорнати дрвја, штета, без електрична енергија

0
34

Во силното невреме, кое синоќа го зафати преспанскиот регион, оштетени се покриви, автомобил, од паднати дрвја во авто кампот „Крани“ оштетени се камп приколки, паднати дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Оштетена е и елелктричната мрежа (паднати бандери, скинати ел.водови), велат од Центарот за управување со кризи.

Веднаш на терен излегоа екипи на МВР, ТППЕ Ресен и Македонија Пат кои работеа на расчистување и оспособување на патните правци за сообраќај (расчистени се и оспособени сите патни правци и пристапни патишта кон селата). Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектиите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овој реон. Нема пријавено повредени лица.

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посетат автокампот „Крани„, село Наколец и околните села од Преспанскиот регион што беа погодени од синоќешното невреме.

Извор: republika.mk