Крв на сите страни во станот: Пејачката претепана од момчето во паника замина на гинеколог за да види кои се последиците (ФОТО)

0
178

Српската пејачка и учесничка во реалното шоу „Задруга“ Надежда Бајиќ е претепана од своето момче Тома Паниќ, објавуваат српските медиуми.

Тие додаваат дека на фотографиите кои ги објавија медиумите се гледа крв на вратата и подот во нејзиниот стан откако била претепана од своето момче.

Таа на лицето има видливи повреди и гребаници, а во лекарскиот навод таа изјавила дека околу седум часот е претепана од за неа позната личност и дека се здобила со повеќе удари во главата и лицето, пишува српски Телеграф.

Таа во меѓувреме заминала и на гинеколог за да провери дали е бремена.

Извор: kurir.mk