Леброн, зошто? Најдобриот и најлошиот потег во една вечер

0
35

Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Мемфис Гризлис во Стејплс центарот со резултат 115:105, а повторно една од централните фигури на мечот беше Леброн Џејмс, кој на крајот на мечот изведе спектакуларно забивање.

Џејмс заедно со Ентони Дејвис, ги предводеа Лејкерси до седмата последователна победа, откако Мемфис имаше предност од 20 поени во првото полувреме, но Лејкерси успеаја да направат пресврт и да слават.

Тој го заврши натпреварот со 28 поени, а на крајот од мечот, по извонредното додавање на Марко Гасол, заби спектакуларно по одличниот одраз и „летот“, и на 36-годишна возраст потврди дека е на исклучителен физички ниво.

Покрај 28-те поени, Џејмс постигна и девет скока и осум асистенции.

Сепак, тој привлече внимание и поради неговиот неспортски потег – симулирање фаул.

Не е јасно зошто го направи тоа, но камерите снимија сè: