Леброн Џејмс ќе глуми во „Space Jam 2“

0
48

НБА-ѕвездата Леброн Џејмс го потврди учеството во „Space Jam 2“ – продолжението на филмскиот хит со Мајкл Џордан од 1996 година.

-Ова ме погоди! Навистина ќе го снимам „Space Jam 2“! Тоа е нестварно и просто не можам да поверувам. Со оглед на тоа од каде сум и каде израснав – ова не ми прилега! Благодарен сум и повеќе од благословен! Ова е лудило!, напиша кошаркарот на Твитер.

За Џејмс ова ќе биде прва главна улога во долгометражен филм. Досега тој имаше неколку епизодни улоги во ТВ реклами и раперски видео спот.

Режисер на вториот дел ќе биде Теренс Нанс, а премиерата е закажана за јули 2021 година.