Либија најави драстично намалување на производството на нафта

0
19

Либија за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно, доколку продолжат блокадите на нејзините нафтени постројки, соопшти Либиската национална нафтена корпорација (НОК).

Портпаорлот на НОК изјави дека дневното производство, пред силите лојални на генералот Калифа Гафтар да го затворат нафтоводот и големите нафтени пристаништа на истокот од земјата, изнесуваше 1,2 милиона барели, пренесоа британските медиуми.

НОК соопшти дека, заради затворањето на нафтоводот и пристаништата, поголемите нафтени полиња на југозападот од Либија се присилени да почнат да го запираат производството.

Британските медиуми вчера обелоденија нацрт докумен што е усвоен на самитот во Берлин, во кој двете страни во конфликтот во земјата се повикуваат да ја признаат државната нафтена компанија НОК како единствена која е овластена да ја продава либиската нафата и ги повика да се воздржат од напади врз постројките за производство на нафта.