Локвенец: На ВМРО ДПМНЕ не им пречи новото име кога треба да станат дел од извршната власт

0
87

Вчерашниот избор на преодна влада на дело го покажа сето лицемерие и лажен патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски вчера покажаа дека немаат проблем со уставното име кога треба да станат дел од извршната власт, но им пречи кога државата треба да оди напред, им пречи кога треба да се усвои Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО, вели пратеникотг од СДСМ, Хари Локвенец.

– Кандидатите за министри во преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем да се потпишат и дадат изјава како министри на Република Северна Македонија, изјавувајќи дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија. Го признаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого велеа дека не го признаваат. Вчерашната седница е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за гола власт играјќи на лажен патриотизам и дволичност, изјави Локвенец.