Лукот е здрав, ама не секогаш и за секого

0
84

Лукот е преполн со антиоксиданси како што се алицин и алин. Студијата на Институтот за медицинско истражување покажала дека зрелиот и никнат лук е одлично средство против габични и вирусни заболувања, како и против стомачни грчеви, диареја, варење…

Иако многумина мислат дека никнатиот лук треба да се фрли, Naturalcureshouse пишува дека лукот е зрел дури кога ќе пушти никулци и тогаш неговите лековити својства се најефикасни.

Богат е со минерали и нутриенти, помага кај настинки и кај труење, а помага и како заштита од канцерогените клетки.

Ако сакате да се заштитите, користете изникнат лук, додадете го во салати или во други јадења и редовно консумирајте го.

Но, има случаи кога лукот треба да се избегнува.

Еве кој и кога треба да избегнува консумирање на лукот.

Пациентите пред операција

Се препорачува пациентите кои ги очекува операција да престанат да консумираат лук најмалку две недели претходно, затоа што би се продолжило времето на крварење.

Луѓето со низок притисок

Лукот може да го намали притисокот, такашто, теоретски, неговото консумирање може да предизвика премногу низок притисок.

Луѓето кои имаат проблем со црниот дроб

Иако лукот има антибактериско и антивирусно својство и може да убива бактерии и вируси, не треба да се користи во спречувањето на вирусот на хепатитис. Имено, некои елементи од лукот можат да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да ја инхибира секрецијата на дигестивниот сок во дигестивниот тракт кадешто влијае на варењето на храната и така влошува многу симптоми за пациентот со хепатитис, како што е на пример, мачнината.

Освен тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лук може да предивика анемија.

Луѓето кои боледуваат од очни болести

Група луѓе кои не треба да јадат лук се пациентите со очни болести, посебно оние со лошо здравје. Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање на лук во големи количини подолг временски периоди може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така може да предизвика и губење на помнењето зуење во ушите и други здравствени проблеми.

Лицата кои страдаат од диареја

Пациентите кои страдаат од диареја треба да избегнуваат сиров лук зашто неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и вложување на едемот. Ако пациентот боледувал од диареја, треба да консумира лук во помали количини.

Трудници и доилки

Во нормални количини, лук е безбедно да се зема во текот на бременоста. Меѓутоа, не се знае колку точно смее да се внесува во текот на бременоста и доењето затоа што не постојат доволно сигурни информации за неговата безбедност во овие случаи.

Извор: republika.mk