Лупевска до Филипче: Анкетите се несоодветни – заразата не доаѓа веќе од странство, туку од меѓусебна трансмисија

0
29

Водителката на „Топ Тема“ Снежана Лупевска Созен со замерка до министерот Венко Филипче, анкетите не се соодветни, во ова време не треба да се прашува дали доаѓа од странство или имал контакт со некој од странство, кога границите се затворени.

„Анкетите што ги прават епидемиолозите и матичните лекари, има одредени анкети на влезот во некоја здравствена институција, јас еве имав можност да видам. Прашањата кои беа сконцентрирани особено на влезот во болницата само едно имаше дали имате покачена температура. Останатите прашања се однесуваа дали сте биле во странство, дали сте имале контакт со лице кое што било во странство. И практично во ова време мислам дека се несоодветни затоа што веќе заразата не ни доаѓа од странство, веќе почнува таа локална, меѓусебна трансмисија“, нагласи водителката.

Водителката дури го запраша Филипче дали размислува да го смени прашалникот бидејќи не е соодветен.