Македонецот Александар „The Great“ е новиот светски првак во УФЦ

0
152

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија.

Волкановски утринава во Лас Вегас го победи на поени досегашниот шампионот Макс Холовеј, со што ја забележа својата 18-та последователна победа, а притоа на Холовеј му го нанесе првиот пораз во изминативе 6 години.

Волкановски е роден во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од македонското село Беранци. Пред многу години тој се преселил во Австралија.