Македонецот Кулушевски покрај Недвед потпиша четиригодишен договор со Јувентус

0
74

Дејан Кулушевски од јуни 2020 година е нов фудбалер на Јувентус. Шведскиот репрезентативец со македонско потекло утринава успешно ги мина медицинските прегледи во Јувентус и стави потпис на договор со трофејниот фудбалски клуб од Торино до јуни 2024 година.

Попладнево Дејан позираше со новиот дрес и во друштво на Павел Недвед се обрвза на четиригодишен договор со „старата дама“.

До крајот на сезоната тој ќе остане да игра за Парма, каде игра како позајмен фудбалер на Аталанта, која ќе биде најголем добитник од овој трансфер во вредност од 35 милиони евра, а со бонуси сумата може да достигне до 44 милиони евра.

Кулушевски настапуваше за младинските категории на Македонија, но на крајот ја избра Шведска и веќе дебитираше за „трите круни“.