Македонец постави снимка на интернет од природен феномен со која го збуни целиот Балкан

0
119

Земјоделец од Македонија на социјалните мрежи споделил снимка од поле, со кое ја заинтересира јавноста кај нас, но и целиот Балкан, а сето тоа поради природниот феномен кој се појавил.

Станува збор за чудното „однесување“ на земјината површина, која на прв поглед изгледа сосема тврдо, грубо и суво, а кога се оди по неа, таа се поместува како душек во вода.

Мажот на видеото гази по површината и скока како на трамболина, а движењето на земјата под неговите нозе навистина делува нереално. Причината за „живата кал“ во оваа област не е потврдена, но корисниците на социјалните мрежи во коментари започнале дискусија за можните причини на овој феномен.

Па така, некои тврдат дека под земјата има нафта, додека други го предупредуваат човекот дека станува збор за подвижна земја и дека не е баш паметно некој да се движи по неа, бидејќи може да потоне во живата кал.