Мајка и ќерка не ги почитувале мерките за изолација: Се вратиле од Италија излегувале од дома и се карале со полицајците

0
71

Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица на возраст од 56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетите вo Струмица на 27 и 28 февруари во повеќе наврати за време на епидемија на опасната заразна болест коронавирус – COVID-19 , не постапиле според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразна болест, како и донесените Решенија на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кои обвинетите се ставаат под здравствен надзор. Мерките им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија – се наведува во соопштението од Обвинителството.

На 27 и 28 февруари годинава, обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките. Обвинетите со вербална расправија се спротивставиле на службените лица, а предупредувањата не ги почитувале.